Top Sport

Барселона ќе ги раскине договорите со Алба, Депај и Бељерин

Во екот на Светското првенство во Катар, на „Ноу Камп“ се прават планови како Барселона да се засили во зимскиот преоден рок. Каталонците повторно имаат проблем со финансискиот фер-плеј на Ла Лига, пре неколку недели Хавиер Тебас им порача дека нема да можат да пазарат во јануари, дури и доколку се случи еден или повеќе играчи да го напуштат клубот.

Каталонските медиуми пишуваат дека во јануари од Барселона ќе заминат Хектор Белерин и Мемфис Депај. Бељерин би можел да се пресели во Рома, а Барса е подготвена да го раскине неговиот договор.

Иста е ситуацијата и со Мемфис Депај, кој доби понуда од Манчестер јунајтед да го замени Кристијано Роналдо. Барса и летово му понуди на Холанѓанецот раскин на договорот, но тој остана со надеж дека ќе го убеди тренерот Чави дека за него има место во тимот.

Како и минатото лето и сега сериозен интерес за Депај покажува Манчестер јунајтед.

Исто така, клубот ќе се обиде да го раскине договорот со репрезентативецот Џорди Алба. Алба има договор до јуни 2024 година, а клубот сака тој да си замине по завршувањето на сезоната, кога „Ноу Камп“ ќе го напуштат ветераните Серхио Бускетс и Серхи Роберто.

Scroll to Top