Top Sport

Триумф на Денвер во ЛА, Лејкерси победија во Сан Антонио

Денвер Нагетс славеа победа во Лос Анџелес и се искачија на второто место на Западот. Први се Феникс Санс кои изминатата ноќ го победија Детроит.

Без Пол Џорџ, Каваи Ленард и Лук Кенард, Клиперси немаа сила да им се спротивстават на Деневер. Нагетс го контролираа натпреварот, на крајот славеа со 114:104. Арон Городн постигна 29, Џамал Мареј 21, а Никола Јокиќ на 19 поени им придодаде и 13 скокови.

Портланд, по едно продолжение, ги победи Њујорк со 132:129. Во отсуство на Демијан Лилард, победата на Портланд има ја донесоа Грент (44 поени), Симонс (38) и Нуркиќ (20 поени, осум скока, седум асистенции).

Бранителите на титулата, Голден стејт Вориорс, полека влегуваат во форма. Вориорс ја победија Јута со 129:118. Стеф Кари и Клеј Томпсон уфрлија по шест тројки, Кари мечот го заврши со 33 поени, Томпсон со 20, колку што постигна и Ендрју Вигинс.

Лејкерси конечно добија натпревар на гости, славеа во Сан Антонио 105:94. Леброн Џејмс се врати во тимот откако пропушти пет натпревари поради повреда. Џејмс постигна 21 поен, Ентони Дејвис имаше 25 поени и 15 скока.

Милвоки беше подобар од Кливленд со 117:102 со 38 поени на Јанис Адетокунбо и 29 на Донован Мичел за Кливленд.

Трео Јанг уфрли 44 поени, но не успеа да го спречи поразот на Атланта од Кливленд 128:122.

Бруклин загуби од Индијана со 128:117 во Индијанаполис. Кевин Дурент постигна 36 поени, а Симонс и Ирвинг додадоа по 20 поени.

Резултати:

Орландо – Филаделфија 99:107
Њујорк – Портланд 129:132
Бостон – Сакраменто 122:104
Мемфис – Њу Орлеанс 132:111
Мајами – Вашингтон 110:107
Оклахома – Чикаго 123:119
Феникс – Детроит 108:102

Scroll to Top