Top Sport

Барселона ќе го продаде Ленгле на Тотенхем

Барселона го договорила првиот излезен трансфер за следната сезона, тврди каталонски „Спорт“. Францускиот стопер Клемен Ленгле ќе остане во Тотенхем откако е постигната согласност за комплетен трансфер по досегашната позајмица за фудбалерот.

За оваа зделка Каталонците треба да добијат отштета од 14 милиони евра од лондонскиот клуб.

Во Барселона беше донесена одлука да се обидат да ги продадат сите играчи на кои клубот не смета за да се олесни буџетот за плати и да се отворат неколку места во соблекувалната.

Ленгле пристигна во Барселона во 2018 година кога Каталонците ја активираа неговата отштетна клаузула со понуда од 35 милиони евра. На „Камп Ноу“ вкупно одигра 160 натпревари и постигна седум гола.

Тој од почетокот на оваа сезона е на позајмица во Англија и го носи дресот на Тотенхем.

Scroll to Top