Top Sport

Барселона ќе го врати Боатенг во Сасуоло

Фудбалскиот клуб Барселона нема да го задржи Кевин Принс Боатенг по завршувањето на сезоната. Поранешниот репрезентативец на Гана, во јануари, како позајмен играч од Сасуоло пристигна на „Ноу Камп“.

Однесувањето на Боатенг е причината поради која Барселона по завршувањето на сезоната ќе го врати напаѓачот во Италија.

Наводно, Боатенг не работел добро на тренинзите и не бил заинтересиран за дружење со соиграчите. Неодамна не се појавил на хуманитарен настан, на кој биле сите останати играчи. Клупските челници сметале дека тој воопшто не сакал да се интегрира во тимот.

Кавин Принс Боатенг досега има одиграно два натпревари за Барселона.

Scroll to Top