Top Sport

„Јас во Барселона? Лошо се информирани“

Матијас Де Лихт (19), решил да се огласи по повод шпекулациите дека кариерата ќе ја продолжи во Барселона, каде од наредната сезона ќе игра неговиот соиграч од Ајакс и холандската репрезентација, Френки Де Јонг.

Де Лихт, за чии услуги интерес покажуваат Баерн Минхен, ПСЖ, Атлетико и Реал Мадрид, Јувентус, односно Манчестер Јунајтед и Манчестер сити, ги негира тврдењата на „Мундо Депортиво“ дека се договорил со Барселона.

„Веќе подолго време се пишува за мене. Велат дека сум нов играч на Барселона, а јас се уште сум во Ајакс. Очигледно е дека немаат добри информации“, рекол Де Лихт и дополнил.

„Апсолутно не се случува ништо и фокусиран сум само на завршницата од сезоната“.

Перспективниот дефанзивец е проценет на 60 милиони евра, а наводно Барселона му понудиле годишна плата од 16 милиони евра.

Scroll to Top