Top Sport

Барселона ќе го задржи Серхи Роберто до 2024 година

Фудбалерот на Барселона, Серхи Роберто, постигна договор со каталонскиот клуб за нов договор. 31-годишниот Шпанец го продолжи договорот до летото 2024 година, а тоа многу брзо треба да биде објавено и од клубот.

Главен фактор за новиот договор на Серхи Роберто е тренер Чави Ернандез. Тој го повика раководството да направи сѐ што е можно за да го задржи на „Камп Ноу“.

Очигледно дека Серхи Роберто е една од клучните фигури во плановите на Чави Ернандез за каталонскиот тим.

Scroll to Top