Фудбалерот од средниот ред, Наби Кеита, на лето би можел да се пресели од Ливерпул во Барселона, пренесува каталонскиот весник „Спорт“. 28-годишниот репрезентативец на Гвинеја ќе се раздели со „црвените“ кога ќе му истече договорот, а челниците на лидерот на табелата во Шпанија се насочени кон слободни агенти.
Напаѓачот Вилфрид Заха од Кристал Палас исто така би можел да се пресели на „Камп Ноу“ од следната сезона.
Наби Кеита оваа сезона забележа 13 настапи за Ливерпул. Вилфрид Заха одигра 25 меча за Кристал Палас, постигна шест гола и забележа три асистенции оваа сезона.