Фудбалерот на Ајакс Френки Де Јонг уште оваа недела би можел да стане член на Барселона. Според „Ас“ двете страни влегле во завршната фаза од преговорите и возможно е работата да биде завршена во наредните денови.
Барселона се согласиле за 21-годишниот фудбалер да платат 75 милиони евра, а според „Ас“, клубот трансферот ќе го официјализира на 12.јануари.
За услугите на Де Јонг сериозен интерес покажуваат уште две екипи, Манчестер сити и Пари Сен Жермен.
Френки Де Јонг за репрезентацијата на Холандија има одиграно пет натпревари.