Top Sport

Барселона ќе загуби 100 милиони евра, но не сака да оди на суд за Гризман

Барселона е подготвена да преговара со Атлетико Мадрид за да постигне вонсудски договор пред Светското првенство во Катар. Каталонците по никоја цена не сакаат Гризман да се врати во клубот бидејќи има енормна плата од над 20 милиони евра. Токму затоа Барса е подготвена да прифати намалена понуда од Атлетико за негово купување, која наместо договорените 40 милиони, би можела да биде и двојно помала.

Гризман се врати во Атлетико по две „посни“ сезони во Барса, летото 2021 година, на двегодишна позајмица со задолжителен откуп од Мадрид за 40 милиони во летото 2023 година.

Сепак, за да се активира таа клаузула, Гризман мораше да одигра 50% од натпреварите, а Атлетико пресмета дека доколку Французинот игра по 30 минути по натпревар, Мадрид нема да има обврска да го купи.

Атлетико на не многу етички начин ја принуди Барса на нови преговори, кои веќе се започнати. Атлетико е подготвен да го купи Гризман и пред летото 2023 година, но за 20 милиони евра.

Тоа е дури 100 милиони евра помалку од она што Барселона му плати на Атлетико во летото 2019 година.

 

Scroll to Top