Top Sport

Пеле не го признава рекордот на Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо, со двата гола што ги постигна против Удинезе, го престигна Пеле на листата на најдобрите голгетери во историјата на фудбалот.

Португалецот, во досегашната кариера, има постигнато 758 голови, еден повеќе од легендарниот Бразилец. Сепак, за многумина најдобриот фудбалер во историјата, одбива да прифати дека Роналдо го престигнал неговиот рекорд.

Неговите фанови забележале, дека Пеле, извршил корекции на својот профил на „Инстаграм“, таму пишува дека тој во кариерата постигнал 1.238 голови.

Ова значи дека тој додал 526 гола, иако од претходно е докажано дека тие голови, Пеле, ги постигнал во пријателски и натпревари од хуманитарен карактер.

Пред Роналдо стои само Јосеф Бикан, голгетер кој од во две децении од минатито век (1930-1950) ги тероризирал голманите во Австрија и Чехословачка и постигнал 759 голови.

Scroll to Top