Top Sport

Барселона на колена пред Столе Димитриевски и соиграчите

Рајо Валјекано одигра одличен меч и успеа да го победи лидерот на табелата во Ла Лига, каталонскиот гигант Барселона, на домашен терен со 2:1. Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски беше на голот на Рајо и бранеше авторитетно, иако во финишот не успеа да го скроти ударот на Роберт Левандовски во 83.минута.

Алваро Гарсија во 19.минута обезбеди водство за Рајо Валјекано против Барселона, а Фран Гарсија во второто полувреме зголеми на 2:0.

Рајо Валјекано се наоѓа на деветтата позиција на табелата, додека Барселона е на врвот и има 11 бода предност пред Реал Мадрид.

Scroll to Top