Top Sport

Димарко го одведе Интер во финалето на Купот на Италија

Интер e првиот финалист во Купот на Италија откако вечерва во реваншот од полуфиналето на домашен терен славеше против Јувентус со 1:0. Тоа беше доволно за пласман во финалето со оглед дека првиот меч во Торино заврши 1:1.

Левиот бек Димарко беше херој на „нероаѕурите“. Тој успеа да ја затресе мрежата на „старата дама“ во 15. минута од мечот.

Во финалето Интер за противник го очекува подобриот од дуелот меѓу Фиорентина и Кремонезе каде тимот од Фиренца по првиот натпревар има предност од 2:0.

Scroll to Top