Top Sport

Барселона нема да игра на клупското СП во 2025 година

Фудбалерите на Барселона по поразот од ПСЖ, испаднаа од Лигата на шампионите и остана без шанси да игра на првото Светско првенство за клубови во 2025 година.

Планетарното натпреварување, во нов формат, во организација на ФИФА со 32 екипи ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули следната година.

На клупскиот Мундијал од Европа ќе настапат 12 екипи. Од синоќа се познати имињата на 11 тимови кои ќе играат на клупското Светско првенство наредната година. Европа обезбедува 12 селекции, од кои познати се 11 имиња.

Тоа се Челзи, Реал Мадрид, Манчестер сити, Баерн, Интер, Пари Сен Жермен, Порто, Бенфика, Борусија Дортмунд , Јувентус и Атлетико Мадрид.

Последен учесник ќе биде Салцбург, доколку Арсенал не ја освои Лигата на шампионите.

КОНМЕБОЛ (Северна и Централна Америка) ќе даде шест клуба, Африка и Азија ќе учествуваат со по четири клуба, шампиони на најсилното тамошно континентално клупско натпреварување во периодот од 2021 до 2024 година.

Океанија ќе има на еден клуб, највисоко рангиран во овој период е Окленд.

Прв домаќин на Светското клупско првенство во овој формат ќе бидат САД.

Се шпекулира дека секој учесник на ова натпреварување ќе добие по 50 милиони евра.

Scroll to Top