Именувањето на Чави за тренер на Барселона го крена оптимизмот на „Ноу Камп“. Медиумите секојдневно пишуваат за плановите на Барселона во зимскиот преоден рок. Многу играчи се поврзуваат со шпанскиот великан.
Реалноста во клубот сепак е поинаква. До крајот на сезоната, Чави, на располагање ќе ги има само фудбалерите кои веќе се во клубот.
„Ќе видиме што ќе се случува во јануари. До неговиот почеток има уште 45 дена. Во овој момент не постои шанса, во јануари, да реализираме трансфер. Сепак да почекаме, па да видиме како ќе изгледаат работите на 1.јануари“, рекол спортскиот директор Матеу Алемани.
Барселона има големи проблеми со „селери капот“. Клубот поради тие проблеми не успеа да го задржи Лионел Меси.