Барселона ќе може да ги регистрира своите летни засилувања откако обезбеди 100 милиони евра преку продажба на 25 отсто од „Барса студиос“, потврди претседателот на клубот, Жоан Лапорта.
Каталонскиот гигант трошеше најмногу ова лето, со последното засилување Жил Кунде од Севилја за 60 милиони евра, откако претходно потпишаа договри со Роберт Левандовски од Баерн Минхен и Рафиња од Лидс, а ги добија и Франк Кеси и Андреас Кристенсен како слободни играчи. Барса објавија дека продале четвртина од „Барса студиос“, компанија која ги менаџира медиумските креации на клубот на „Социос.цом“, платформа која продава фан-токени и така обезбедува средства за фудбалските клубови и влијание на фановите во одлучувањето на следните чекори на клубот.
„Ако се додадаат овие суми од продажбите, тоа е значителен приход и неопходна домашна работа за да ги регистрираме нашите фудблери. Ние сме оптимисти и правиме што е потребно за регистрирање. Милсам дека иста интерпретација ќе имаат и во Ла лига“, изјави Лапорта.
Ова не е прв договор во обид за собирање средства на клубот, кој претходно оваа година објави дека има долг од астрономски 1.2 милијарди евра. Тие собраа 267 милиони евра со продажбаата на 10 отсто од ТВ-правата во Ла лига на глобалната инвестициска компанија „Сикст стрит партнерс“, и дополнителни 15 отсто за да донесат уште 315 милони евра. Со тие средства тие платија 59 милиони евра на Лидс за Рафиња и 50 милиони евра на Баерн за Левандовски.
Се верува дека следен чекор е продажба на 49.9 отсто од „Барса лајсенсинг и мерчендајзинг“ (БЛМ), компанија која ракува со продажбата на дресови и други навивачки реквизити, како и на маркетингот на клубот.