Top Sport

Алексис Санчез прави трансфер на „Велодром“

Чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез (33) по три години ќе го напушти Интер и кариерата ќе ја продолжи во францускиот прволигаш Олимпик Марсеј. Овој 33-годишен напаѓач ќе потпише двегодишен договор со францускиот клуб вреден три милиони евра по сезона, а неговиот трансфер наскоро би требало да биде официјализиран.

Се чека само Алексис Санчез и Интер да се договорат за меѓусебен раскин на договорот.

Чилеанецот сигурно ќе претставува големо засилување за Олимпик Марсеј. Иако има 33 години, секако дека се уште има елан за игра, а доказ за тоа е и фактот што реши да го напушти клубот во кој ја грееше клупата.

Во Интер, Алексис Санчез најмногу добиваше шанса да игра од клупата за резерви. Летово клубот бараше начин да се ослободи од неговиот договор и едвај чекаа да дојде конкретна понуда.

Во претходните три години Чилеанецот одигра вкупно 109 натпревари за Интер и постигна 20 гола. Може да се пофали дека ја освоил шампионската титула и Купот на Италија.

Алексис својата европска авантура ја започна во Удинезе, а потоа играше за Барселона, Арсенал и за Манчестер Јунајтед.

Scroll to Top