Top Sport

Барселона одбраната на титулата ќе ја започне од Мадрид

Новата сезона во Шпанија ќе стартува на 12 август. Ла Лига денеска го објави распоредот за сезоната 2023/24, во која титулата ќе ја брани Барселона.

Фудбалерите на Барселона, одбраната на титулата ќе ја започнат од Мадрид. Каталонците ќе гостуваат на „Колосеум Алфонсо Перез“ кај Хетафе.

Вице-првакот, Реал Мадрид, на стартот се соочува со тешко гостување. „Актуелниот освојувач на Купот, му гостува на Атлетик Билбао.

Покрај овој натпревар, во првото коло големо внимание ќе привлечат уште два натпревари: Виљареал-Бетис и Севилја-Валенсија.

Атлетико Мадрид, сезоната ќе ја започна на домашен терен. Во првото коло, на „Сивитас Метрополитано“ ќе гостува повратникот во Примера, Гранада.

Рајо Ваљекано чии член се уше е Столе Димитревски, сезоната ќе на гости кај Алмерија.

Ждрепката одреди дека Реал и Барселона ќе играат во 11. и 32. коло, на 29 октомври и 21 април. Дербито „Мадрилењо“, Реал- Атлетико ќе се игра на 24 септември и 4 февруари, а Барселона и Атлетико ќе се сретнат на 3 декември и 17 март.

Scroll to Top