Top Sport

Првото засилување на Атаман во Панатинаикос – Адетокумбо

Помладиот брат на Јанис Адетокумбо, Костас е првото засилување за Панатинаикос во преодниот рок. Братот на НБА ѕвездата со „зелените“, потпиша двегодишен договор.

Костас Адетокумбо е првото засилување за славниот клуб, кој со новиот спортски директор, Сани Бечиревиќ и новиот тренер Ергин Атаман, најавува враќање на старата слава.

Костас, минатата сезона ја мина во Фенербахче, каде што не играше многу. Настапи на само 14 натпревари, имаше скромен просек од 2,7 поени и 0,8 скока по натпревар.

Овој 25. годишен кошаркар беше избран од Филаделфија во 2018 година како 60. пик на НБА драфтот. Потоа беше трејдуван во Далас, а потоа потпиша двонасочен договор со Лос Анџелес Лејкерс, истото го направи и со Чикаго Булс.

Scroll to Top