Top Sport

Барселона остана без Педри до крајот на сезоната

Барселона доживеа елиминација од Ајнтрахт Франкфурт во четврт-финалето на Лигата на Европа, но уште поголем удар е повредата на еден од најдобрите фудбалери на тимот, Педри.

Тој го скинал мускулот на ногата и го очекува пауза од околу два месеци. Тоа значи дека сезоната за него е завршена.

Ова е уште еден голем проблем за тренерот Чави кој ќе мора да се снаоѓа без својот главен играч за врска. Барселона се надева дека во завршницата од сезоната во Ла Лига би можела да го нападне и првото место на Реал Мадрид, иако „кралевите“ имаат голема бодовна предност.

Scroll to Top