Top Sport

Како се случи германска инвазија на трибините на „Камп Ноу“?

Германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт ја победи Барселона на „Камп Ноу“ со 2:3 и се пласира меѓу четирите најдобри екипи во Лигата на Европа. Интересно е дека Ајнтрахт како гостински тим имаше право на 5.000 влезници, но евидентно е дека имаше меѓу 20.000 и 25.000 навивачи на германскиот клуб на трибините на стадионот.

Како се случи тоа? Некои германски навивачи купуваа билети од сопствениците на годишните билети на Барселона, додека други влегоа на стадионот со билети купени токму од навивачите на каталонскиот клуб. Во превод, сопствените навивачи и свртеа грб на Барселона.

На крајот, германските навивачи доминираа на „Камп Ноу“, носејќи го својот тим до водство од 0:3, а подоцна и победа од 2:3 и пласман во полуфиналето на Лигата на Европа.
„Клубот мора да истражи што се случило“, изјави по натпреварот дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо.

Разочаран беше и тренерот Чави Хернандез.

„Очигледно е дека атмосферата не помогна и клубот истражува што се случи и навивачите сакаат да знаат зошто се случи тоа. Тоа беше очигледна погрешна проценка од наша страна и тоа не треба да се случи. Повеќе личеше на финале со поделен стадион во два табора “, коментира тренерот Чави Хернандез.

Бесен е и претседателот Хоан Лапорта.

„Штета е тоа што се случи! Чувствувам срам“, искоментира Хоан Лапорта.

Scroll to Top