Top Sport

Барселона после финалето на ЛШ ќе го објави Гундоган за ново засилување?

Германскиот интернационалец Илкај Гундоган ги договорил деталите со Барселона за преселба во каталонскиот гигант, тврдат медиумите во Шпанија. Наводно, на „Камп Ноу“ чекаат Гундоган да заврши со обврските кон Манчестер Сити, а потоа и официјално да објават дека тој ќе биде ново засилување за тимот.

На Гундоган му истекува договорот со Манчестер Сити и тој ќе биде слободен агент. Подолг период неговите агенти водеа преговори со Барселона, но тој исто така доби понуда и за нов едногодишен договор со „граѓаните“. Од друга страна, има и мултимилионска понуда да се пресели во Саудиска Арабија.

Конечната одлука на Гундоган ќе следи по финалето во Лигата на шампионите против Интер.

Scroll to Top