Фудбалерите на Барселона ја продолжија првенствената победничката серија и во 2018 година Барселона во 18.коло го победи Левенте, во чии редови го немаше Енис Барди, со 3:0 (2:0).
Брселона по 18.коло остана единствениот тим без пораз и ја предводи Ла лига со 48 бода, девет повеќе од Атлетико Мадрид. Левнте веќе шест меча не знае за победа, екипата на Барди остана на само три победи во сезоната и со 18 бода се наоѓа блиску до опасната зона.
Барселона до 15. победа во првенството дојде со головите на Лео Меси и Луис Суарез во првото и Паулињо во самиот финиш на мечот.
Левенте во текот на натпреварот имеше неколку мпжности за постигнување на гол, а најдобрата ја прошуту Мур во 65.минута чии удар на неверојатен начин го одбрани Тер Штеген.