Барселона се обидува да го доведе Софијан Амрабат од Фиорентина во последните часови од преодниот рок, пренесува доверливиот новинар Жерар Ромеро. Играчот од средниот ред беше еден од најистакнатите играчи на Светското првенство во Катар, импресионирајќи со своите настапи за селекцијата на Мароко.
Каталонците ќе сакаат зделката да биде само на позајмица до крајот на сезоната, а причина за тоа е нивната финансиска состојба.
Фиорентина тешко ќе се раздели со својата ѕвезда, но се очекува самиот Амрабат да притиска до крајот на денот за да се пресели во шпанскиот клуб.