Top Sport

Барселона се обидува да се откачи од Кутињо

Фудбалскиот клуб Барселона ќе го продаде или позајми Бразилецот Фелипе Кутињо. Името на клубот со кој ги започнале преговорите не се открива, туку се најавува дека наредната недела Кутињо би можел да замине од „Ноу Камп“.

Во Барселона се подготвени на се само за да го продадат најскапото засилување во историјата на клубот. Медиумите пишуваат дека и да не се случи трансферот на Нејмар, Кутињо ќе биде во втор план кај тренерот Валверде.

Поради тоа во клубот не сакаат да имаат во тимот играч кој ќе седи на клупата и ќе зема огромна плата.

Кутиењо немал ништо против да замине од Каталонија. Доколку замине најверојатно ќе оди на позајмица за 20 до 25 милиони евра. Клубот што ќе се договори со Барселона на крајот од сезоната ќе мора да го откупи договорот на Бразилецот.

Scroll to Top