Top Sport

Повредата не била сериозна, Јовиќ започнал да трениера

Повредата на Лука Јовиќ сепак не била толку сериозна како што стравуваа во Реал Мадрид. Напаѓачот за кого реал платија 60 милиони евра го повреди зглобот на десната нога на 27 јули на мечот со Атлетико Мадрид.

Поради повредата Јовиќ го пропушти Ауди купот во Минхен каде Реал по поразот од Тотенхем и победата над Фенербахче го освои третото место.

Јовиќ веќе започнал да тренира со соиграчите и тој ќе биде подготвен за почетокот на сезоната. Реал на стартот во Ла Лига ќе гостува во Виго кај Селта.

На вчерашниот тренинг со тимот бил и голманот Тибо Куртоа, а на располагање на тренерот се ставиле и Хамес Родригез, Каземиро, односно Герет Бејл.

Scroll to Top