Top Sport

НБА засилување за Црвена ѕвезда

Поранешниот играч на Торонто Репторс, Американецот Лоренцо Браун ги засили редовите на Црвена ѕвезда. Со шампионот во АБА-лигата Браун потпишал едно годишен договор.

Браун прв пат доаѓа да игра во Европа, откако кариерата ја градел во САД и Кина. Минатата сезона ја започнал во Торонто, а ја завршил во Гвангжу.

Американецот е висок 196 сантиметри и игра на плејмејкерската позиција. НБА кариерата ја започнал во 2013 година, во Филалдлефија, а во кариерата бил играч на Мемфис и Финикс.

Браун е петтото засилување за Црвена ѕвезда ова лето, претходно во клубот се вратија Огњен Кузмиќ и Чарлс Џенкинс, а договори потпишаа Дерик Браун и Џејмс Гист.

Scroll to Top