Top Sport

Барселона се откажа од Меси

Откако го освои светскиот шампионат со Аргентина, Лионел Меси ќе го продолжи договорот со ПСЖ, пишува шпанскиот весник „Мундо Депортиво“. Наводно челниците на францускиот клуб постигнале договор со Меси за продолжување на соработката. Аргентинецот во следните неколку недели ќе го стави својот потпис на договорот.

„Мундо Депортиво“, пишува дека не е познато уште колку 35-годишниот Меси ќе остане во клубот, ниту колкава ќе биде неговата плата.

Шпанскиот весник пишува и дека ситуацијата околу продолжувањето на договорот на Меси била многу јасна што се однесува до конкуренцијата. Наводно за него била заинтересирана само Барселона.

Меѓутоа, челниците на каталонскиот клуб не ни влегле во преговори. Финансисите се проблемот на Барселона, поради тоа Меси и си замина од „Камп Ноу“.

Меси речиси целата своја кариера ја мина во Барселона, од која минатата година во слободен трансфер замина во ПСЖ. За францускиот клуб одигра 53 натпревари, постигна 23 гола и забележа 29 асистенции. Минатата сезона го освои францускиот шампионат.

Scroll to Top