Top Sport

Барселона се вклучи во трката за Тилеманс

Играчот од средниот ред на Лестер, Јури Тилеманс, е трансферна цел на Барселона. 25-годишниот белгиски интернационалец по завршувањето на сезоната ќе стане слободен играч, па „лисиците“ ќе се обидат да го продадат во јануари, а кандидати за неговиот потпис не недостасуваат.

За Белгиецот сериозно се заинтересирани Реал Мадрид, Јувентус, Манчестер Јунајтед, Арсенал и Ливерпул. Но, и Барселона се вклучи во трката.

Каталонците уште пред почетокот на актуелната сезона разговараа за опција за негов ангажман, но на крајот решија да се фокусираат на други играчи.

Тренерот на Барса, Чави, е убеден дека Тилеманс може совршено да се вклопи во стилот на игра на тимот и брзо да стане клучна фигура.

Оваа сезона играчот од средниот ред има девет настапи за Лестер и еден постигнат гол во Премиерлигата.

Scroll to Top