„Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона со внимание следи двајца бразилски фудбалери, Евертон од Гремие и Родриго Кајо од Фламенго.
Евертон (23) е крилен напаѓач, а летово на Копа Америка беше најдобар стрелец на Бразил. Во досегашната кариера во Гремио има постигнато 63 гола.
Летово медиумите пишуваа дека Атлетико Мадрид биле сигурни дека ќе го обезбедат потписот на Бразилецот и дека биле подготвени да чекаат до јануари за да го реализираат трансферот.
Кајо е централен дефанзивец кој од Сао Паоло се преселил во Фламенго. За Сао Паоло има одиграно 277 натпревари. Поради повреда го пропушти Светското првенство во 2018 година.
Родриго Кајо во 2015 година бил пред потпис за Валенсија меѓутоа два пати не ги минал лекарските прегледи.