Барселона ќе направи последен обид да го убеди Усман Дембеле дека треба да остена на „Ноу Камп“. Минатата недела, Муса Сисоко, човекот кој ги застапува интересите на Дембеле, пред челниците на Барселона постави невозможни услови. Барса не ги прифати и објави дека францускиот репрезентативец ќе го напушти клубот.
Барселона, во понеделник, ќе одржи уште еден состанок во менаџерот и Дембеле. Новинарот, Хави Мигел, тврди дека Барселона ќе постави услов, доколку Дембеле не ја продолжи соработката, тогаш да прифати клубот да го продаде во зимскиот преоден рок.
Гледано од оваа перспектива, тешко дека менаџерот ќе го прифати ултиматумот. Неговиот план е Дембеле да замине на крајот од сезоната како слободен играч, што ќе му гарантира бонус за потписот на договорот со новиот клуб.
Преговорите помеѓу двете страни „пукнаа“, кога менаџерот Сисоко, за својот клиент побарал годишна плата во бруто износ од 40.000.000 евра, односно четири пати повеќе од она што го понудил клубот.