Холандскиот играч за врска Френки де Јонг нема да се раздели со Барселона во јануарскиот преоден рок, изјави спортскиот директор на шпанскиот фудбалски клуб Жорди Кројф.
„Ние веќе не разговараме за продажба. Има работи во фудбалот, како финансискиот фер-плеј, на пример, кои можат да го принудат клубот да прави принудни трансфери. Сепак, времето помина за Френки Де Јонг и мислиме дека тој има важна улога во тимот“, изјави Кројф.
26-годишниот играч од средниот ред оваа сезона за Каталонците досега забележа три гола и три асистенции на 26 натпревари. Во моментов со Холандија настапува на Светското првенство во Катар.