Барселона тагува по нивниот поранешен претседател, Жосеп Луис Нуњез кој почина на 87 години, како еден од луѓето кој беше најзаслужен за фантастичниот раст на каталонскиот клуб.
Нуњез беше претседател на Барселона од 1978 до 2000 година, период на фантастични успеси за каталонскиот клуб. Неговото иновативно лидерство ја трансформираше Барселона во модерен фудбалски клуб, а тој беше посебно ангажиран во обезбедувањето на приходи за клубот, кои потоа беа преточувани во титули.
Под негово водство „Ноу Камп“ двапати беше проширен, „Ла Масија“ беше трансформирана во вистинска фудбалска школа, а беше отворен и музејот на Барселона и „Мини Естади“.
Нуњез исто така беше вклучен во борбата за повеќе пари од ТВ-правата, кога во јули 1979 година одби да ги прими камерите на „ТВЕ“ додека не се потпише договор за комерцијалните права.
Во негово време, исто така почнаа да доаѓаат големи ѕвезди на „Ноу Камп“ – Диего Марадона, Михаел Лаудруп, Роналдо и Ривалдо.
We look back on Josep Lluís Núñez’s time as FC Barcelona president, which changed the history of the club and coincided with a phase of enormous change in football -above all in the economic and media sides. https://t.co/ndw89u5VwP
— FC Barcelona (@FCBarcelona) December 3, 2018