Барселона ја започна операцијата Дани Олмо. „Мундо Депортиво“, тврди дека Барселона ќе се обиде да го врати Олмо на „Ноу Камп“ во јануарскиот преоден рок.
Првиот човек на Барселона, Џоан Лапорта, последниот ден од преодниот рок се обиде но не успеа да го донесе Олмо од Лајпциг. Германскиот тим ја обди понудата од 75 милиони евра, бидејќи не можеше да донесе адекватна замена за шпанскиот репрезентативец.
„Мундо Депортиво“, објави дека клубовите договориле состанок на кој ќе разговараат за трансферот на Олмо.
„Доколку е можно да дојде во јануари тоа ќе биде одличн опција за Барселона“, пишува весникот и додава дека реализацијата на трансферот во зимскиот преоден рок ќе зависи и од резултатите на Лајпциг во првиот дел од сезоната.
Истиот извор пишува дека Барселона, поради финансискиот фер плеј, нема да биде во можност да ја исплати бараната сума, туку ќе го побара играчот на позајмица, на една или две години, но потоа ќе има обврска да го откупи неговиот договор.
Наводно, Олмо се согласил да стане играч на Барселона, дури и за помала плата од онаа што ја има во Лајпциг.