Top Sport

Барселона во паника поради повредата на Меси

Лионел Меси не се рехабилитирал од повредата и ќе го пропушти утрешниот натпревар со Бетис, објави влијателниот каталонски медиум „Спорт“.

Аргентинецот од почетокот на сезоната не тренирал со соиграчите, а весникот пишува дека „Барселона биле во паника поради Меси“, бидејќи му недостигал на тимот, а во клубот не биле сигурни дали оваа повреда може да е предзнак за нови повреди во иднина.

Инаку на „Твитер“, по поразот на Барселона во првото коло од Атлетик Билбао (1-0) се појави податок дека на последните шест натпревар без Меси во тимот, Барса има две нерешени и четири порази.

Новинарите на „Фокс“ отидоа чекор подалеку со коментарот дека „Барселона без Меси е просечен тим“.

Scroll to Top