Top Sport

Вардар го победи Работнички

Фудбалерите на Вардар го добија градското дерби со Работнички (2-0) и ја запишаа првата победа во новата сезона.

Дербито го решија Бојан Колевски и Даниел Аврамовски со головите што ги постигнаа во 56 и 90 минута.

Вардар можеше да постигне уште еден гол меѓутоа ударот на Серафимов заврши го гредата, додека на спротивната страна „романтичарите“ не успеаја серозна да се заканат кон голот на Гачевски.

По три кола Вардар има четири бода, а Работнички три.

фото/fkvardar.mk

Scroll to Top