Top Sport

Барселона во преговори со Пума за спонзорски договор

Барселона и Пума се блиску до остварување на историско спонзорство, кое на Каталонците би им донело околу 200 милиони евра по сезона, пренесува „Спорт“.

Како што пренесува шпанскиот весник, преговорите меѓу двете страни во последно време водат интензивни преговори. .

Доколку дојде до договор, тој би можел да стане најпрофитабилниот договор за спонзорство на дрес во фудбалот.

Најмалку 115 милиони евра годишно се наменети за Барселона, но таа бројка може да се искачи до 200 милиони, доколку се исполнат одредени услови.

Главната пречка е што каков било договор меѓу Барса и Пума не може да се заврши поради договорот со Најк.

Најк соработува со Каталонците од 1998 година. Во моментов според договорот дава 105 милиони евра по сезона, а таа бројка може да порасне и до 155 милиони, пренесува „Спорт“.

Истиот извор наведува дека Пума нема да го парафира договорот, освен ако дојде до прекин на соработката со актуелниот спонзор, но е подготвена да и понуди бонус на Барселона, доколку успее да излезе од договорот со американската компанија. .

Најк верува дека ќе претрпи загуба од 350 милиони евра доколку Бараса ја прекине соработката и дефинитивно нема намера да прифати таква понуда.

Во исто време Барселона преговара со Пума, и се обидува да го реши проблемот со Најк.

Scroll to Top