Top Sport

Антонио Конте ќе биде новиот тренер на Милан

Италијанските медиуми тврдат дека Антонио Конте од наредната сезона ќе го предводи Милан. Според овие извори, преговорите кои ги водел Златан Ибрахимовиќ, кој пред неколку месеци се врати на „Сан Сиро“, завршиле успешно.

Конте одби да го наследи Жозе Мурињо во Рома, исто како што одби да го преземе Наполи.

Милан и оваа сезона не е во особено добра форма, но Конте смета дека Росонерите го имаат вистинскиот проект за неговите амбиции.

Ако Конте го преземе Милан ќе влезе во историјата на италијанскиот фудбал. На почетокот на тренерската кариера испиша историја со Јувентус, подоцна го предводеше Интер, а сега е на добра пат да стане тренер на третиот голем италијански клуб. Исто така Конте беше и селектор на Италија.

Досега само легендарниот Џовани Трапатони беше тренер и на трите најголеми италијански клубови и националниот тим.

Scroll to Top