Барселона е заинтересирана за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд. Каталонскиот гигант ќе се обиде да го доведе 24-годишниот напаѓач на „Камп Ноу“ ова лето, со оглед дека тој веќе не е прв избор на „Олд Трафорд“.
На Каталонците им се допаѓа потенцијалот и флексибилноста на играчот како напаѓач, а новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, дал зелено светло за заминување на Рашфорд во случај на интересна понуда.
Напаѓачот оваа сезона постигна четири гола на 23 натпревари во Премиерлигата.