Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу вели дека „нема ништо да соопшти“ и дека каталонскиот клуб не разговара за трансфер со Антоан Гризман и покрај верувањата дека фудбалерот на Атлетико Мадрид ја избрал Блауграна како свој следен клуб.
Гризман беше блиску до Каталонија и минатото лето, кога реши да остане во Мадрид и да потпише нов договор откако со Франција ја освои светската титула. Од Атлетико изјавија дека уште од март знаат дека Гризман ќе отиде во Барселона, но невообичаено од шпанските шампиони нема никаква изјава.
„Секогаш го велиме истото. Не сме зборувале со него. Нема ништо во тоа. Ќе видиме како ќе се развива фудбалскиот пазар во следните денови и недели. Има време, јуни, јули, август… Ќе направиме стратегија, бидејќи има и некои фудбалери од Барселона Б кои се подготвени за првиот тим. Ќе има нови засилувања и некои заминувања“, вели Бартомеу.