Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу, истакнал дека клубот не планира да го врати Бразилецот Нејмар на „Ноу Камп“. Медиумите изминатите две недели константно лиферуваат информации дека Нејмар, наредното лето ќе се врати во Барселона.
Нејмар, во летото 2017 година, ја напушти Барселона за рекорден трансфер од 222 милиони евра и се пресели во ПСЖ.
„Нејмар замина и тој нема да се врати овде. Немаме таков план“, рекол Бартомеу.
Првиот чове на Барселона проговорил и за повредата на Лео Меси и колку неговото отсуство ќе се почувствува во филозофијата на тимот. Меси поради фрактура на подлактицата ќе отсуствува најмалку три недели.
„Загрижени сме поради повредата на лео и поради тоа што ќе ги пропушти важните натпревари против Интер и Барселона. Сепак ова не прв пат да се најдеме во ваква ситуација. Досега секогаш сме успевале да се извлечеме. Мотивирани сме. Разговарав со Меси, добро е што ќе се врати за неколку недели“, истакнал Бартомеу и дополнил.
„Со Валверде, кој е многу интелигентен, ќе продолжиме понатаму и се надевам дека ќе останеме на врвот“.