Top Sport

Бартомеу: Погба? Има уште 20 дена од преодниот рок

Барселона уште не завршила со летните засилувања, откако претседателот на клубот, Жосеп Марија Бартомеу најави дека е можна мега-понуда за ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба.

„Не сакам да зборувам за имиња, бидејќи имаме почит кон сите други клубови. Меѓутоа, има уште 20 дена од летниот преоден рок. Да видиме кој ќе замине, а кој ќе дојде“, изјави Бартомеу по 2:1 победата во шпанскиот Суперкуп над Севилја.

Според британскиот „Телеграф“ пак, Барселона ќе останат заинтересирани за францускиот репрезентативец и по крајот на преодниот рок во Шпанија на 31 август, а ги охрабруваат изјавите на Погба околу проблемите во Манчестер јунајтед.

Барса се надева дека ќе може да го добие Погба во јануари, во слична ситуација како што оваа година во тимот дојде Филипе Кутињо од Ливерпул. 25-годишниот Погба има уште три години од договорот со Јунајтед, кои не би го продале за помалку од 100 милиони евра.

Погба: Има работи за кои не смеам да зборувам

Scroll to Top