Top Sport

Бартомеу „удри“ по Лапорта: Под мене, Барселона не беше под закана да згасне

Војната на зборови и префрлањето на вината за катастрофалната финансиска ситуација во Барселона продолжува помеѓу актуелниот претседател Жоан Лапорта и поранешниот претседател и според многумина главен виновник, Жозеп Марија Бартомеу.

Лапорта по објавувањето на финансиските извештаи за тимот го обвини Бартомеу и неговото водство за ситуацијата која предизвика долгови од над милијарда евра и заминувањето на Лео Меси. Бартомеу одговори со соопштение во кое вели дека финансиската состојба за сезоната 2020/21 е управата која ја комплетирала сезоната, односно самиот Лапорта.

„Клубот загуби 330 милиони евра во приходи во 2020/21 поради пандемијата на КОВИД-19. Бордот кој ја заврши сезоната е единствениот одговорен за финансиските резултати. Но, под наше водство во ниту еден момент не постоеше опасност клубот да биде ликвидиран“, вели Лапорта.

Scroll to Top