Top Sport

Инфантино со луд сон: Израел и Палестина заеднички организатори на Мундијалот

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино има идеја дека во иднина Израел и Палестина би можеле да бидат заеднички организатори на Светско првенство и покрај историјата на крваво насилство во регионот.

Инфантино е во прва посета на Израел како претседател на ФИФА, и ова е еден од долгорочните проекти на Швајцарецот по најавата на Мундијал на секои две години и покрај големото спротиставување од УЕФА и јужноамериканската ЦОНМЕБОЛ.

„Зошто да не сонуваме за Светско првенство во Израел и неговите соседи? Со новите Абрахам договори, зошто не би имале Мундијал тука во Израел со Палестинците и со соседите од Блискиот Исток“, вели Инфантино.

Абрахам договорите се повеќе меѓусеби договори потпишани во САД минатиот септември, со кои се нормализираат односите на Израел со Обединетите Арапски Емирати и Бахреин. Еден месец подоцна Израел и Судан најавија на нормализирање на односите, а во декември, Мароко воспостави дипломатски односи со Израел.

Scroll to Top