Top Sport

Бартомеу: За Пеп вратата во Барселона секогаш е отворена

Пеп Гвардиола, човекот кој стана икона на „Ноу Камп“ како фудбалер и како тренер, би можел да се врати во Барселона, тврди претседателот на Блауграна, Жосеп Марија Бартомеу.

Менаџерот на Манчестер сити излезе од славниот младински состав на Барселона, за подоцна покрај фудбалер на тимот да стане и тренер во блескавата генерација со „тики-така“ стилот на фудбал со Лео Меси, Андрес Иниеста и Чави. Но, тој реши да се докажува надвор од Каталонија, станувајќи тренер на Баерн Минхен три сезони, пред сегашната работа во Манчестер сити.

Тој секогаш давал двојни одговори кога ќе го прашале за можното враќање, но сега Бартомеу уште еднаш потврди дека тој би бил добредојден во Каталонија.

„Тоа не зависи од мене. Пеп самиот реши да замине, но вратата за него секогаш е отворена во Барселона“, изјави Бартомеу во интервју за италијанскиот весник „Ла република“.

Засега, прв човек во Каталонија е Ернесто Валверде, кој има договор до крајот на сезоната 2020/21.

Scroll to Top