Top Sport

Златан сигурно нема да дојде во Болоња

И покрај тоа што наводно имало директни разговори помеѓу тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ и Златан Ибрахимовиќ, Швеѓанецот нема да се приклучи на „Рособлу“ во јануари, потврди директорот на клубот, Валтер Сабатини.

Сите очекуваат Ибрахимовиќ по крајот на договорот со Лос Анџелес галакси на крајот на годината да се врати во Италија, каде што наводно сакал да остане со семејството по крајот на кариерата, со Болоња, Наполи и секако, Милан, како главни конкуренти.

Сабатини пак, вели дека тоа сигурно нема да биде во Болоња.

„Тој направи поинаков избор и сигурно нема да дојде во Болоња“, изјави Сабатини за „Тутомеркато“.

Scroll to Top