Башакшехир со минимални 1:0 го доби истанбулското дерби со Бешикташ, откако Демба Ба успеа да го матира Лорис Кариус за конечна победа на стадионот „Фетих Терим“.
Со 12-тиот триумф во турската Суперлига, Башакшехир се искачи на првото место на табелата со 43 поени, еден повеќе од Сиваспор (со натпревар помалку) и два пред Трабзонспор (со два натпревари помалку).
Бешикташ се само шести со 32 поени, додека и на другите големи тимови во Турција не им оди најдобро – Галатасарај се на 5. место со 39 поени, додека Фенербахче се 6. со 38 поени.