Top Sport

Мурињо: Му дадов шанса на Роуз, тој не ја искористи

Жозе Мурињо ги отфрли тврдењата дека не му дал шанса на Дени Роуз во Тотенхем и решил да го продаде на Њукасл во текот на зимата по конфликтот кој го имал со англискиот репрезентативец на тренинг.

Роуз беше стартер во тимот на Маурисио Почетино на стартот на сезоната, но откако дојде Мурињо во ноември, имаше само пет настапи за Тотенхем, бидејќи Португалецот ги преферираше Бен Дејвис и Јан Фертонген.

„Кога Дејвис се повреди, тоа беше одлична шанса за другите да играат. За младиот Танганга тоа беше шанса на кариерата, за Рајан Сесењон забрзување на процесот, а дури и Дени Роуз имаше голема шанса да игра – беше во тимот со Ливерпул, со Олимпијакос и во други два важни меча. Тој имаше доволно шанси да покаже што умее“, вели Мурињо.

Роуз се искара со Мурињо, па тој го прати на позајмица во Њукасл

Scroll to Top