Фудбалерите на Башакшехир прв пат во кратката историја станаа шампиони на Турција. Во пресрет на последното коло тие имаат недостижни пет бода предност во однос на Трабзон. Башакшехир е само шесттиот тим кој успеал да ја освои титулата во турското првенство (Фенербахче, Галатасарај, Бешикташ, Бурса, Трабзон).
Басакшехир е основан пред 30 години, во меѓувреме згасна па беше „оживеан“, а сега сосптвеник е Министерството за спорт и млади.
Индиректно зад овој проект стои турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Подемот на клубот започна пред шест години, а наскоро ќе добие и нов стадион вреден 200 милиони евра.