Калид Абдул Басит се врати во Македонија ЃП, потврди клубот на своите профили на социјалните мрежи. Басит во Ѓорче Петров пристигна како слободен играч.
Напаѓачот од Гана, дресот на Македонија ЃП го носеше во сезоната 2020/2021.
По заминувањето од Македонија ЃП, Басит играше во Есперанс (Тунис), Шериф и Ал-Тадамон. Со екипата на Ал-Тадамон го раскина договорот на почетокот на годината.
Фото/ facebook.com/fkmakedonijagp1932