Top Sport

Икарди планира да се врати во Италија

Фудбалерот на ПСЖ, кој како позајмен играч настапува во Галатасарај, Мауро Икарди, по завршувањето на сезоната би можел да се врати во Серија А. Во минатото, Икарди блескаше во дресот на Интер.

Италијанските медиуми, објавија дека засега неименуван клуб покажал голем интерес за 29.годишниот напаѓач.

Икарди се прослави во Интер, а во летото 2019 година беше продаден на ПСЖ за вкупно 50 милиони евра плус. Тој постигна 38 гола на 92 настапи за ПСЖ и иако неговиот договор е до летото 2024 година, тој не е дел од плановите на клубот за следната сезона.

Икарди моментално игра одлично во Галатасарај. Во 12 лигашки настапи оваа сезона, тој постигна девет гола и забележа шест асистенции за турскиот гигант.

Иако во Турција му оди доста добро, Икарди наводно е решен следната сезона повторно да игра во Серија А. Наводно тој веќе некое време е во контакт со се уште неименуван италијански прволигаш.

Според шпекулациите на италијанските медиуми, Икарди би можел да замине во еден од овие тимови: Аталанта, Фиорентина и Милан.

Scroll to Top